Монпелје е незадржлив, Веспрем загуби и втормеч во низа

149

Ракометарите на Монпелје го запоседнаа врвот на групата „А“ во Лигата на шампионите, откако вечерва го добија Елверум на гостински терен со 37:30 и ја запишаа петтата сезонска победа. Французите беа доминантни во текот на целиот меч, а оние плус 5 од полувремето (20:15) беа само потврда на доминацијата која во второто полувреме беше заокружена со нова победа.

Бос со 6 и Москариело и Дуарте со по 5 гола беа најефикасни кај Французите.

Вечерва во оваа група мало изненадување приреди ППД Загреб кој успеа да се избори за реми на гости кај Мешков Брест играјќи 30:30. Ова е прво реми за Мешков Брест, а второ за Загреб. И двата тима се уште немаат победа во групата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Во рамките на групата „Б“, Веспрем загуби на гостувањето кај Мотор со 29:27. За Унгарците ова е втор пораз во низа, по оној во минатото коло на гостувањето кај Динамо (Б).

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЗекирија Рамадани и Приштина ја завршија соработката
СледноИсланѓани ќе му судат на Вардар утре во Унгарија