Обвинија легенда на Премиер лигата за учество во финансиски шеми

197

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини поранешниот репрезентативец Герет Бери за нарушување на правилата за „сопственост и/или финансирање“ на Свиндон Таун од Лига 2. Бери, кој е играч со најмногу натпревари во Премиер лигата (653), е обвинет поради нерегуларна употреба на посредник.

Истрагата на ФА почна во април и беше против претседателот на Свиндон, Ли Пауер и директорот на една менаџерска агенција Мајкл Стендинг кој исто така е поранешен агент на Бери. Пауер пред судот изјави дека Бери се согласил да инвестира 800.000 фунти во Свиндон во 2013 година преку Стендинг, за што ќе добие 50 отсто од профитот доколку вредноста на клубот се зголеми. ФА им забранува на фудбалските агенти да финансираат или поседуваат акции во фудбалски клубови со цел да се избегне конфликт на интереси.

Бери, кој сега има 40 години, ги негираше наводите на Пауер но мора да одговори на обвиненијата до 1 декември.

 

ПретходноЃоковиќ се пласира во полуфиналето на турнирот во Торино
СледноВоска се засили со играч од градскиот ривал