Претстојниот викенд продолжуваат возбудувањата во ПМФЛ. Откако репрезентацијата ја израдува цела нација и се пласира во баражот за СП, откако имаше идеален ноемвриски циклус на крајот од квалификациите време е за наш, елитен фудбал на домашната сцена.
Па така викендов се закажани мечевите од 14.коло во ПМФЛ. В сабота се игра еден меч и тоа оној на Автокоманда каде се среќаваат скопските ривали Скопје и Македонија ЃП, овој меч исто така ќе биде пренесуван на МРТВ и ТВ Арена Спорт.
Додека утредента, в недела значи, се играат натпреварите Струга ТЛ – Работнички, А. Пандев – Тиквеш, Борец – Ренова, Шкендија – Брегалница и Шкупи – Пелистер.
Сите мечеви започнуваат во 13 часот.