Многу се очекуваше, а малку видовме на големото дерби во квалификациите за СП во Катар 2022 година меѓу Аргентина и Бразил. Игра без игра, со многу малку шанси, многу нервоза и без голови. Тоа е епилогот од мечот утринава во Сан Хуан меѓу Аргентина и Бразил. Со овој бод “гаучосите“ и официјално се пласираа на Мундијалот во Катар, каде што веќе е Бразил.
Ова значи дека Лео Меси, кој вчера настапи за својата Аргентина ќе игра по петти пат на светските првенства, прв Мундијал му беше оној во Германија во 2006 година.
Бразил настапи без Нејмар, и треба да се каже дека гостите беа поблиску до победата откако Фред ја погоди стативата на Аргентина, можеше и Меси да донесе победа на домашните, сепак на крајот мечот заврши без победник.
Во останатите мечеви во Јужноамериканската зона, Колумбија и Парагвај исто одиграа 0:0, Чиле дома загуби од Еквадор со 0:2, Боливија високо го порази Уругвај со 3:0, Венецуела како домаќин загуби од Перу со 1:2.
ФОТО: newsdirectory3.com