Биатлонците го кренаа гласот против формирањето нова федерација

231

16 биатлонци го откажаа учеството на светски и европски купови поради формирањето на нова федерација, објави денеска здружението „СкиМакедонија“.

Зад оваа одлука стојат Ставре Јада, Дејвид Величковски , Викторија Јовановска, Ана Цветановска, Дарко Крстевски, Дарко Дамјановски, Соте Андреевски, Давид Торевски, Благоја Наједноски, Петар Чанговски, Евгенија Здравевска, Анамарија Зафировска, Ана Ангелова, Тони Станоевски и Милачно Крстевски. Тие одбиваат да бидат дел од новата Биатлон федерација на Македонија.

Македонскиот репрезентативец со норма за Светски куп, Ставре Јада, изјавил дека заедно со останатите натпреварувачи останува во постоечката Скијачка федерација на Македонија и ќе остане да се подготвува во крос кантри за учество на Олимпијадата во Пекинг 2022 година.

Неодамна на социјалните мрежи Ставре Јада на 3 месеци пред Олимпијадата објави сериозни обинувања за долгогодишното раководство на чело со Ѓоко Динески и Васил Сокле, кои ги обвини за злоупотреба на финансиските средства и дека е оставен без финансии во екот на подготовките за Пекинг 2022.

Инаку FIS, Меѓународната скијачка федерација, откажа секаква соработка со македонското тело, се додека соодветно не се средат работите во Скијачката федерација.

ПретходноИсланѓани ќе му судат на Вардар утре во Унгарија
СледноВардар го одржа вечерниот тренинг во Сегедин