Зидан е пред договор со Јунајтед, единствена пречка сопругата Вероника!?

550

Зинедин Зидан и тимот на Манчестер Јунајтед се на добар пат да се договорат околу соработка. Односно Французинот да стане наследник на Оле Гунар Солскјер на местото менаџер на тимот.

Откако е веќе јасно дека Солскјер нема да има капацитет уште едолго да го води тимот, менаџментот на Јунајтед се впушти во потрага по негова замена. Зидан е фаворитот, и веќе се започнати разговори. Според Дејли Меил, Зидан е се поблиску до реактивирање на местото тренер, излегување од „пензија“ што се вели, иако долго време се зборуваше дека тоа ќе го стори само при понуда од репрезентацијата на Франција или пак Јувентус.

Сепак, ниту понуда од Олд Трафорд не е „за фрлање“ па Зидан очиледно е заинтригиран. Работа во Манчестер Јунајтед ќе му овозможи повторна соработка со Кристијано Роналдо и Рафаел Варан со кого сорабитуваше во Реал Мадрид, а и Пол Погба сигурно нема да има ништо против да остане доколку Зидан пристигне во Јунајтед.

Единствен проблем во моментов целата операција да биде успешна според Англиските медиуми е сопругата на Зидан, Вероника која не сака ниту да чуе да живее во Манчестер, каде што сонце речиси и да нема и цело време е врнежливо.

 

ПретходноВинициус со потегот на мечот Бразил – Аргентина (ВИДЕО)
СледноСаутгејт: Е сега сум подготвен за нов селекторски договор