И покрај првичното „НЕ“ на понудата што ја добил од Манчестер Јунајтед да седне на клупата на тимот од “Олд Трафорд“, сепак Зинедин Зидан би можел да го преземе еден од најголемите или најпопуларните тимови во светот.
Иако Зизу се гледа себе си како наследник на Дидие Дешамп на клупата на “триколорите“, тој и натаму е во контакт со раководството на Јунајтед.
Во тие првични разговори, како што шпекулираат медиумите на Островот, Зидан побарал екстра услови.
Како прво да има неограничен буџет за доведување на играчи во зимскиот преоден рок. Потоа по секоја цена да се задржи Пол Погба, а и тоа дека да може на било кој играч да му ја покаже излезната врата.
На крај тој посакува да го види проектот на Јунајтед за следните четири години.
Од друга страна се наведува дека Брендан Роџер веќе во јануари би можел да си замине од Лестер и да седне на клупата на Јунајтед.
Се чини дека Оле Гунар Солскјер е завршена приказна за раководството на Јунајтед.