Македонскиот мега-талент и репрезентативец до 16 години, Рубин Стефанов и официјално е претставен како ново име во редовите на Канту. Синот на легендарниот кошаркар, Врбица Стефанов во следните две години ќе го носи дресот на италијанскиот тим, ќе настапува за екипите до 16 години и под 19 години. Рубин ова лето беше на проба и во редовите на Армани Милано, но го одбра Канту.
Овој клуб гласи за еден од најдобрите кога станува збор за млади кошаркари, целосно е насочен кон големите таленти, како што е Стефанов. Иднината македонска кошаркарска надеж од мали нозе е на мета на големите клубови, со својот голем талент ги привлече имињата како Анадолу Ефес, пред пандемијата играше за Римини Крабс.
Една година беше дел од тимот на Ангели од каде одново се врати во Италија. Тој доби дозвола за настап и наскоро ќе го одигра првиот меч за Канту.