Касами по девет месеци пауза се врати во тимот на Струга ТЛ!

272

Убави вести за сите во редовите на Струга Трим Лум, а посебно за стратегот Срѓан Захариевски. Имено по цели девет месеци пауза, Ард Касами, еден од клучните играчи на струшкиот прволигаш во средниот ред, се врати во тимот и веќе почна да игра натпревари. Имено откако заздрави од операцијата на лигаментите, тој пред неколку дена одигра неколку минути на контролата со Велешта.

Чувствувам многу емоции во себе. Навистина паузата беше предолга, но сега се е во ред. Најважно е што јас се вратив во тимот, што му се вратив на фудбалот. Им благодарам на сите што ми помогнаа во овој тежок период за мене, се разбира на семејството и клубот Струга ТЛ пред се. Тие ми ја дадоа таа потребна поддршка“истакна Касами, кој ќе почека барем уште еден мал период за да почне со играње и официјални мечеви во ПМФЛ.

Претходно„Проектилот“ на Кире во ТОП 5 на колото Европската лига! (ВИДЕО)
СледноБугарија во очај: Заборавивме кога последен пат сме играле на СП или ЕП!