Пиоли бара воведување тајм-аути во фудбалот

246

Еден од најдобрите тренери во Италија, тренерот на Милан Стефано Пиоли, вели дека фудбалот мора да добие некакви промени. Според него, ако тој се прашува, фудбалот мора да добие тајм-аути, слично како во ракометот, кошарката, одбојката…

„Би сакал да можам да комуницирам почесто со моите фудбалери за време на мечевите. Би вовел тајм-аут во фудбалот. Би го поддржал и воведувањето на чисто време, како и во кошарката. Да се прекинува времето за игра при секој прекин“, вели Пиоли.

Пиоли вели дека за почеток тренерите можат да добијат по еден технички тајм-аут кон средината на секое полувреме.

ПретходноВајли со 15 поени блескаше во победата на Будуќност
СледноЗидан им кажал на луѓето од Манчестер Ј. да не го бараат до јуни