Саутгејт: Е сега сум подготвен за нов селекторски договор

200

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт изјави дека е дури сега е во позиција да преговара за продолжување на договорот со Фудбалската асоцијација (ФА), откако Гордиот Албон се квалификува за Мундијалот во Катар.  Англичаните без проблеми ги минаа квалификациите, завршувајќи со голем стил, победувајќи го Сан Марино со 0 – 10. Саутгејт значително го подобри настапот на англискиот тим на меѓународните турнири откако го предводеше тимот во 2016 година, играјќи во полуфиналето на Светското првенство во Русија 2018 година и стигна до финалето на Европското првенство ова лето.

„Кога работиш со тим како мојот и имаш толку многу талентирани играчи на располагање, тоа е големо задоволство“, изјави 51-годишниот Саутгејт. 

„Немаше причина да не седнам да разговараме за мојот нов договор, освен фактот дека моравме да се фокусираме на Европското првенство, а потоа и на светските квалификации. Сега е вистинско време да седнеме на маса со Џон Мекдермот (претседател на ФА) и Марк Булингем (извршен директор) и да ја завршуваме работата. Не очекувам дека ќе биде тешко да го сториме тоа“, –  рече Саутгејт.

ПретходноЗидан е пред договор со Јунајтед, единствена пречка сопругата Вероника!?
СледноНБА ќе се игра и во Абу Даби