Да се има идол во животот на едно дете е најубавото нешто што може да се посака. Не само во спортот, туку воопшто. Малиот Сергеј од Куманово е голман на суперлигашот Еуроспорт, и има талент, желба и инспирација да стане голем чувар на мрежата. Да настапува за голем клуб, и нормално за репрезентацијата на Македонија. Исто како и неовиот идол, Столе Димитриевски, чуварот на мрежата на нашиот национален тим, и негов сограѓанин од Куманово.
Сергеј присуствуваше на историскиот сега веќе за нас меч против Исланд на Арената Тодор Проески во Скопје кога триумфиравме со 3:1, и „позираше“ со трансапрент „Столе е најдобар голман додека да пораснам“. Прекрасна порака, мотивациска пред се за младиот спортист и но пред се личност кој во Димитриевски гледа репер како треба во животот. Со напорна работа и вложен труд да се стигне од Куманово до дуели со Реал Мадрид и Барселона, и да се чува голот на Македонија. Сергеј ти ја посакуваме сета среќа на светот младо момче, да ги достигнеш постигнувањата на Димитриевски и да ги надминеш во иднина.