Федерер објави кога ќе му се врати на тенисот!

191

Како што пренесуваат швајцарските медиуми, Роџер Федерер не само што ќе го пропушти претстојниот Австралија опен, туку и остатокот од пролетната АТП турнеја.

Роџер заздравува од операцијата на коленто, веќе може да оди без патерици, но сепак ќе може да почне со тренинзи дури на почетокот од идната година.

Ќе почнам со трчање во јануари, потоа ќе почнам со засилени тренинзи за да во март – април му се вратам на тенисот. Што се однесува до класично враќање на турнирите тоа ќе биде во летниот период. Мојата цел е да се вратам на терените за последен пат, сонот ми е барем уште еднаш да играм финале на еден Грен слем турнир“ изјавил Роџер Федерер.

ПретходноПМФЛ – 14 КОЛО: Скопје – Македонија ЃП се игра в сабота, сите останати мечеви во недела!
СледноЗидан побарал екстра услови за да биде тренер на Јунајтед!