Репрезентацијата на Босна и Херцеговина одигра лоши квалификации за Мундијалот во Катар. Ги следена низа скандали во текот на квалификациите како на пример Пјаниќ кој беше суспендиран на последниот меч поради ноќниот провод, со алкохол и наргиле. Навивачите се лути, по поразот од Украина бараа одговорност, а претходно БиХ изгуби и од Финска.
Најискусниот, голманот Ибрахим Шехиќ прозборува за ситуацијата:
„Јас не можам да влезам во собата кај секој играч и да ги шамарам и да ги терам да бидат свесни дека играме важен натпревар за репрезентацијата. Ветувам дека ќе направиме правилник и кој ќе направи погрешен чекор ќе го донесеме пред вас (навивачите) па заедно ќе го казниме. Нема веќе излегувања, нема пиење на кафиња, мајките нема да ги гледаме додека не ја вратиме репрезентацијата на вистински пат“, изјави голманот.