Јувентус пикирал напаѓач на Ривер Плејт

132

Фото: Тwitter

Италијанскиот гигант Јувентус се интересира за напаѓачот на Ривер Плејт Хулиан Алварес, соопштува ЕСПН. Според изворот клубовите веќе имале прелиминарни преговори со тоа што италијанскиот клуб е спремен да плати 15 милиони евра за 21-годишниот Аргентинец и уште 10 милиони евра кои ќе ги исплати во форма на бонуси.

Во исто време Ривер не сака да го пушти фудбалерот за помалку од 25 милиони евра – сумата која е пропишана во договорот како отштета во случај некој клуб да посака да го донесе. Алварес има 31 гол и 23 асистенции во 90 натпревари за Ривер, a договорот му е до декември 2022 година.

Инаку за овој млад фудбалер има интерес и од Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Милан и Фиорентина.

ПретходноШехиќ по фијаското на БиХ во квалификациите: Нема веќе излегувања, нема кафиња…
СледноЗекирија Рамадани и Приштина ја завршија соработката