Вајли со 15 поени блескаше во победата на Будуќност

125

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Џејкоб Вајли имаше одлична вечер во дресот на Будуќност Воли и со 15 поени успеа да му помогне на црногорскиот гигант да дојде до убедлива победа против Цедевита Олимпија во мечот од 5. коло во Еврокупот.

Вајли беше еден од најзаслужните за четвртата победа на Будуќност во групата, откако имаше одлична реализација 3/3 за два поени и 3/4 за тројка. Во учинокот додаде и 6 скока.

ПретходноВардар го одржа вечерниот тренинг во Сегедин
СледноПиоли бара воведување тајм-аути во фудбалот