Зидан им кажал на луѓето од Манчестер Ј. да не го бараат до јуни

575

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не планира да седне на клупата на Манчестер Јунајтед доколку Оле Гунар Солскјер добие отказ. Иако името на Зидан е секојдневна мета на шпекулации, последните информации на новинарот Кристијан Фалк од најтиражниот европски весник „Билд“ велат дека Зидан нема да презема клуб се до следната сезона.

„Зидан сака да паузира од работа до лето. Тој тоа им го кажал и на преставниците на Манчестер Ј. кои веќе го контактирале. Тој нема да оди во Англија оваа зима“, пишува Фалк.

49-годишниот тренер го напушти Реал Мадрид во мај и оттогаш е без ангажман.

ПретходноПиоли бара воведување тајм-аути во фудбалот
СледноТото Волф призна: Хамилтон нема да биде толку брз и на престојните трки