Напаѓач на Наполи: Го достигнав нивото, сакам да одам во поголем клуб

703

Напаѓачот на Наполи Ирвинг „Чаки“ Лозано сака да премине во поголем клуб откако го достигнал нивото во клубот од Сан Паоло. Мексиканскиот интернационалец зборуваше за својата иднина по вториот едноподруго пораз во квалификациите за СП. Мексиканците изгубија од Канада, а Лозано беше заменет на полувреме.

„Играм во одличен клуб, имам одлични соиграчи, а ‘пораснав’ како играч овде. Но вистината е дека сакам да играм во поголем клуб. Се сметам за многу конкурентен играч, со јасни цели. Чувствувам дека сум на високо ниво и сакам да направам нов чекор. Се надевам дека тоа наскоро ќе се случи“, изјави Лозано за „Ацтека Депортес“.

Лозано дојде во Наполи од ПСВ во август 2019 година кога италијанскиот клуб плати 35 милиони. Неговиот договор со Наполи истекува во јуни 2024 година, а досега има 93 натпревари и ефект од 23 гола и 9 асистенции.

ПретходноИ славните холандски голгетери можат да му подзавидат на Депај
СледноШехиќ по фијаското на БиХ во квалификациите: Нема веќе излегувања, нема кафиња…