Фудбалската асоцијација на Англија го обвини поранешниот репрезентативец Герет Бери за нарушување на правилата за „сопственост и/или финансирање“ на Свиндон Таун од Лига 2. Бери, кој е играч со најмногу натпревари во Премиер лигата (653), е обвинет поради нерегуларна употреба на посредник.
Истрагата на ФА почна во април и беше против претседателот на Свиндон, Ли Пауер и директорот на една менаџерска агенција Мајкл Стендинг кој исто така е поранешен агент на Бери. Пауер пред судот изјави дека Бери се согласил да инвестира 800.000 фунти во Свиндон во 2013 година преку Стендинг, за што ќе добие 50 отсто од профитот доколку вредноста на клубот се зголеми. ФА им забранува на фудбалските агенти да финансираат или поседуваат акции во фудбалски клубови со цел да се избегне конфликт на интереси.
Бери, кој сега има 40 години, ги негираше наводите на Пауер но мора да одговори на обвиненијата до 1 декември.