Аплаузите за маестро Томовски: Одбрана која ќе ве натера да потскокнете (ВИДЕО)

2321

Да не беше Мартин Томовски, Вардар 1961 ќе го положеше оружјето уште во првото полувреме. Сите оние грешки кои ракометарите на македонскиот првак ги правеа против Пик Сегед, ги покриваше македонскиот репрезентативен голман.

Сепак ниту неговата феноменална партија и 13 интервенции не се покажаа како доволни за да се освои Сегедин, Вардар се враќа со пораз од 34-31, четвртти во низа во Лигата на шампиони.

Штета, голема штета, особено ако се погледнат одбраните на Томовски, една од нив сигурно ќе се најде во изборот на ЕХФТВ…

ПретходноЦрната низа во ЛШ продолжува: Вардар 1961 падна во Сегедин!
СледноДали Ристовски ја посакува Португалија во баражот: Бруно Фернандеш, те чекам пријателе!