Кек на клупата на Динамо Загреб, Просинечки селектор на Словенија!?

197

Како што пишуваат медиумите во Словенија, Матјаж Кек многу брзо ќе се збогува со селекторската функција во репрезентацијата на Словенија. Тој деновиве доживува критики во тамошната јавност и извесно е дека тешко Фудбалскиот сојуз на Словенија ќе му го продолжи договорот. Тој пред неколку дена беше сериозен кандидат за тренер на Хајдук, но ништо од тоа. Затоа бил “пикиран“ од раководството на Динамо Загреб како тренер на “модрите“ кои не биле задоволни од работата на сегашниот стратег Дамир Крзнар.

Од друга страна се наведува дека Роберт Просинечки бил најголем кандидат за наследник на Кек на селекторската фотелја во репрезентацијата на Словенија.

Останува да се види дали овие шпекулаци ќе се остварат или не.

ПретходноМакедонскиот кантер тим го освои Светското првенство во Израел (ВИДЕО)
СледноДибиров дојде до магичната 1.000-ка во Лигата на шампиони (ВИДЕО)