Селекторот на португалската фудбалска репрезентација, Фернандо Сантош, изјави дека ќе поднесе оставка доколку не ја одведе својата репрезентација на Светското првенство во Катар 2022 година.
„Откако седнав на селекторското место во 2014 година, секогаш разговаравме и анализиравме сè. Секогаш, под какви било околности, преговаравме. Нашата федерација многу бара од мене. И јас многу барам од себе. Вчера разговаравме за нашето гледање на моменталната состојба во португалската репрезентација и сфативме дека јас сум личноста која треба да продолжи да работи со тимот до Светското првенство. По поразот од Србија не зборувавме за моја оставка. И не ни помислив на неа. Во 2014 година дадов ветување дека кога не ќе можам да ја постигнам целта, ќе си заминам. Сè уште не сме пропуштиле ниту еден турнир. Секогаш сме поставувале цели и ги исполнувавме. Што ќе се случи доколку Португалија, сепак, не се пласира на Светското првенство во 2022 година? Тоа нема да се случи. Но, дури и да се случи, јас ќе заминам“, изјавил Сантош.