Австралија Опен ќе се игра пред полни трибини, но само со учество на вакцинирани тенисери

163

Премиерот на државата Викторија утрово потврди дека Австралија Опен ќе може да се одржи пред полни трибини во Мелбурн од 17 до 30 јануари следната година.

Со оваа најава, првиот Грен Слем за новата година полека ќе се врати во нормала.

„Благодарение на вакцинацијата на 90% од жителите на Викторија, повеќето ограничувања, речиси сите, ќе можат да исчезнат“, потврди Даниел Ендрјус.

Според најавата, Мелбурн Парк на почетокот на годината ќе може да прими околу 60.000 гледачи. Невакцинираните играчи и во машка и во женска конкуренција нема да може да учествуваат на турнирот, а локалните власти одбиваат да направат исклучок.

ПретходноДанците на СП 2022 во дресови кои нема да им се допаднат на Катарците
СледноМесец дена без победа во ЛШ: Може ли Вардар да се издигне во Сегедин?