Иако не беше со репрезентацијата овој ноември, Аријан Адеми со полно срце се радуваше на успехот на неговите соиграчи на дуелите со Ерменија и Исланд. Во интервјуто за „Спортске новости“ капитенот на Динамо (З) вели:
„Навивав од дома. Бев пресреќен кога заврши. Не само што сум среќен, туку сум и горд. Ова е голема работа за цела Македонија. Не знам навистина како се случи се ова, но ако ја погледнете репрезентацијата ќе видите дека во ростерот имаме навистина квалитетни играчи кои играат во силни европски клубови. Ќе биде тешко да се пласираме во Катар, но јас сум оптимист. Ќе ни недостасуваат Елмас и Костадинов, а тие многу ни значат. Не очекуваат две тешки средби и треба да се поминат. Не, не сме фаворити, ќе биде тешко, но не и невозможно“, вели Адеми.