Балотели: За репрезентацијата на Италија би одел и пеш од Турција

134

31-годишниот напаѓач на турска Адана Демирспор, Марио Балотели, вели дека се чувствува подготвен да се врати во репрезентацијата на Италија.

„Се чувствувам добро, во одлична форма сум. По последните две и пол години чувствувам дека сум подготвен повторно да се вратам во италијанската репрезентација. Тоа е мојот сон. Ќе одам пешки од Турција да знам дека во март ќе бидам повикан за националниот тим“, изјавил Балотели.

Од стартот на сезоната во Турција, „Супер Марио“ има пет гола и две асистенции на 12 натпревари од турската Суперлига.

ПретходноЛоши вести: Вардар ослабен во Сегедин
СледноГризман казнет со два меча суспензија за ЛШ