Дани Алвес се врати во Барселона, откако во 2016 година замина во Јувентус. 38-годишниот Бразилец во меѓувреме играше за ПСЖ и Сао Пауло, па во редовите на каталонскиот гигант се врати како слободен играч, неговиот договор е до крајот на сезоната.
Иако се зборуваше дека Алвес ќе игра за едно евро неделно, според каталонското радио RAC1 тој е пријавен на најниската плата која Ла Лига ја дозволува, а тоа е 300.000 евра по сезона. Она што е шокантно е што Барселона во договорот вметнала бизарна клаузула според која доколку си замине пред ова лето, заинтересираниот тим ќе мора да плати 100 милиони евра.
Раководството на клубот нема да има ништо против да го продолжи неговиот договор и по завршување на сезоната доколку се покаже како добар потег.