Данците на СП 2022 во дресови кои нема да им се допаднат на Катарците

722

Фудбалската репрезентација на Данска која доминантно се избори за настап на СП во Катар следната година, најави дека подготвува специјални дресови за Мундијалот на кој ќе има пораки против кршењето на човековите права во земјата организатор на Мундијалот.

Фудбалскиот сојуз на Данска најави дека за време на овој турнир на секој начин ќе се обидат да укажат на кршењето на човековите права во оваа земја, а еден од начините е и изработката на специјални дресови во кои данските репрезентативци ќе тренираат пред натпреварите, а на нив ќе бидат испишани пораки со кои ќе го критикуваат Катар за многубројното прекршувања на човековите права при изградбата на стадионите и подготовките за Светското првенство.

„Наши двајца спонзори ќе се откажат од местата на дресовите за да испратат пораки со критики за кршењето на човековите права. Ова им го посочуваме долго време на водечките луѓе на ФИФА и нема да престанеме да го правиме тоа се додека трае првенството“, соопштија од ФС на Данска.

Катар долго време ги отфрла сите критики и обвинувања за кршење на човековите права, откако беше објавено дека донеле илјадници мигранти да работат на изградбата на стадионот и ги држеле во заробеништво, додека не се заврши работата. За жал, многу од нив ги загубија животите, а оние кои на крајот успеаја сето тоа да го издржат, не ја добиле ниту приближната плата што им била ветена пред да дојдат во оваа земја.

ПретходноАдеми за баражите за СП: Не сме фаворити, ќе биде тешко, но не и невозможно
СледноАвстралија Опен ќе се игра пред полни трибини, но само со учество на вакцинирани тенисери