Рускиот ракометар, Тимур Дибиров дојде до јубилјениот 1.000 погодок во Лигата на шампиони и влезз во историја како играч на Вардар 1961. Пред дуелот со Пик Сегед го делеа три погодоци од ова големо достигнување.
Лидерот на Вардар до оваа магична бројка дојде во 17. минута, со својот трет погодок и тоа од седум метри. Тој е чатвртиот играч кој успеал да ја мине оваа бројка.
На првото место е Кирил Лазаров, најдобриот стрелец во историјата на ЛШ, следуваат Момир Илиќ и Никола Карабатиќ.
Секако за искусниот ракометар овој јубилеј ќе биде одлично да го прослави со победа на тешкото гостувањето во Сегедин во рамките на 7. коло во Лигата на шампиони.
⭐️Congrats to the amazing Timur Dibirov who has scored his 1⃣,0⃣0⃣0⃣ #ehfcl goal! ⭐️
He joins the legendary ranks of @LazarovKiril7 & @NKARABATIC who have also netted 1k+ #ehfcl goals.
👏👏👏 @HCVardar pic.twitter.com/SiT5ITkdYm
— EHF Champions League (@ehfcl) November 18, 2021