За Погба заврши фудбалската 2021, па заминал за Дубаи

366

Пол Погба повеќе нема да игра фудбал во оваа 2021 година. Имено, фудбалерот на Манчестер Јунајтед најмалку шест недели ќе биде надвор од теренот, додека не се опоравува од повредата на мускулот, која ја доби на тренинг со француската репрезентација.

Погба, сепак, нема да се рехабилитира во својата земја, ниту ќе тренира во Англија. Тоа ќе го направи во Обединетите Арепски Емирати.

Англискиот печат откри дека Погба отпатувал со личен тренер во Дубаи. Тој се уште не го обновил договорот со Јунајтед и се шпекулира за негово можно заминување.

Шпекулациите дополнително ги засили Мино Раиола, агентот на играчот, кој рече: „декември е најдобриот месец за остварување на соништата“.

ПретходноМугуруза е победничка на финалниот турнир кај дамите
СледноСледната недела ќе биде откриена статуата на Марадона на стадионот во Неапол