Вечерва се одиграа два меча од 11.коло во Евролигата, во најквалитетна клупска кошаркарска лига во Европа. Реал Мадрид како домаќин ја искажа сета своја класа и успеа да слави над белградска Ц. Звезда со 79:67 (16:13, 16:19, 25:14, 22:21). Гостите на моменти успеваа да се “носат“ со“кралевите“, но мечот беше решен во третата четвртина која Реал Мадрид ја доби со 25:14, па потоа се беше полесно за нив.
Најдобар поединец кај победничката екипа беше Таварез со 15 поени, додека кај гостите најрасположен беше Холинс со 16 поени.
Баерн успеа како домаќин да го победи некогашниот неколкукратен европскио првак, тимот на Панатинаикос со 81:78 (22:22, 15:22, 22:16, 22:18). Победникот беше решен во самиот финиш на мечот за германско славје и нови бодови.
Интересно е тоа што Баерн во трите четвртини постигнуваше по 22 поени.
Најефикасен на мечот беше Хилард од Баерн Минхен кој успеа да реализира 20 поени.