Македонската репрезентацијата во CS:GO ја освои титулата на Светското првенство во Израел. Нашиот кантер тим во финалето ја совладаа Романија со 16:10 на мапата „Инферно“ и 16-11 на мапата „Мираж“
На ова првенство настапија Јане “aidKiT” Апостолоски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски, Александар “CacaNito” Ќулукоски, Павле “stYleEeZ” Стојановски и Кристијан “fodor” Поповски.
Овие момчиња претходно го добија полуфиналето против Украина.