Матеу Алеману: Барселона нема да доведе никого во јануари

141

Тимот на Барселона секојдневно ги полни страниците од светските медиуми со најразлични информации, ијзави, случувања. Откако стивна еуфоријата околу новиот тренер, Чави Хернандез, сега на ред е она што ќе следува во јануари односно во следниот преоден рок.

На разочарување на сите навивачи на клубот, спортскиот директор Матеу Алеману, изјави дека клубот нема да доведе ниту еден нов играч во следниот преоден рок, затоа што едноиставо финансиската ситуација не дозволува такво нешто.

Како што е добро познато една од главните причини поради која што Лионел Меси е сега член на ПЗЖ е фактот што Барселона имаше огромен проблем со финансискиот фер плеј односно со неможноста да ги вклопи платите на играчите во буџетот.

„Има уште месец и пол до јануари, но како стојат работите ние нема да доведеме никого. Едноставно таква ни е ситуацијата. Има време до тогаш но тешко дека ќе се променат рапидно работите“ – изјави Алеману.

ПретходноМенди од Реал Мадрид: Луѓе не сум јас осомничен за силување
СледноПоради повреда се пензионираше од фудбал, па доби милион фунти на лото (ВИДЕО)