ОКТА е главен спонзор на машката кошаркарска репрезентација

167

Компанијата ОКТА и КФСМ денеска официјално потпишаа соработка на тема машка кошаркарска репрезентација на Македонија, пред стартот на првата фаза од квалификациите за пласман на Светскиот куп во кошарка (2023 FIBA Basketball World Cup).

На промоцијата на новиот дрес на репрезентацијата на Македонија, на кој стои токму логото на компанијата ОКТА, присуствуваа претседателот на КФСМ, Перо Антиќ како и  Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

„Како долгогодишен партнер, ОКТА континуирано ги поддржува сите репрезентативни селекции во рамки на кошаркарската федерацијата. Оваа година, среќни сме на можноста да бидеме главен поддржувач на најдобрата национална машка селекција во главните квалификации за пласман во Светскиот куп. Искрено посакуваме оваа соработка да донесе големи успеси на сениорската репрезентација во претстојните исклучително значајни натпревари, со кошаркарските супер-сили“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

ПретходноГризман казнет со два меча суспензија за ЛШ
СледноМенди од Реал Мадрид: Луѓе не сум јас осомничен за силување