Платите во Манчестер Ј. скокнаа на 350 милиони фунти годишно, а резултати нема!

226

Списокот за плати во Манчестер Јунајтед е значително зголемен, но резултати нема. Како што објави весникот „Дејли Меил“, последните истражувања покажале дека платите на персоналот, вклучувајќи ги и играчите, клубот го чинат рекордни 354 милиони фунти годишно (речиси 422 милиони евра).

Со доаѓањето на Кристијано Роналдо, Џејдон Санчо и Рафаел Варан, платите во Манчестер Јунајтед се зголемиле за 23,1%. Приходите на клубот, исто така се зголемени, но за 16,1% само поради зголемената ставка на продажба на билети, која претходната година ја немаше поради пандемијата и празните трибини.

Заклучно со 30 септември, Јунајтед има нето долг од 439,7 милиони фунти. Ова е нешто помалку од минатата година кога клупскиот долг изнесуваше 440,6 милиони фунти.

ПретходноТото Волф призна: Хамилтон нема да биде толку брз и на престојните трки
СледноЈанис доминираше против Лејкерс, Далас не може без Дончиќ (ВИДЕО)