Раскол во Баерн поради корона – мерките, тројца играчи не смеат да бидат со екипата!

272

Во Германија одново короната почнува да “царува“. Токму затоа и Владата на оваа земја смета дека ковид – мерките треба да бидат засилени. Им даде и овластување на покраинските власти да и тие може да ги заострат мерките.

Тоа го прави Баварија, а проблем сега си има Баерн Минхен. Имеено се случува вистински раскол во тимот. Тројца од играчите и тоа Џошуа Кимих, Серж Гнабри и Џамал Мусиала немаат намера да се вакцинираат, па така тие не смеат да бидат заедно со екипата. Односно не смеат да бидат со останатите фудбалери во автобус или хотел.

Баерн утре игра со Аугсбург на гости и овие тројца играчи не смеат да бидат со екипата пред мечот и после него.

Звучи шашаво што би се рекло, ама така е.

ПретходноХоландски репрезентативец обвинет за обид за убиство
СледноМакедонскиот кантер тим го освои Светското првенство во Израел (ВИДЕО)