Селекторот на Б.С.Коска: ФИФА го убива фудбалот во Африка

301

Селекторот на фудбалската репрезентација на Брегот на Слоновата Коска, Патрис Бомел директно ја обвини светската кровна фудбалска организација ФИФА деа го уништува фудбалот во Африка со тоа што на овој континент му дозволува да има само пет претставници на Мундијалот.

Во Африканските квалификации учевствуваат 54 земји, а се квалификуваат 5, додека пак во Европските учевствуваат 55 земји, а се квалификуваат 13. Од Јужна Америка пак од само десет репрезентации во квалификациите, учевство за во Катар ќе изборат четири.

Брегот на Слоновата Коска го загуби клучниот меч од оваа кампања против Камерун и со 13 освоени бодови не оди на Мундијалот.

„Вистинска штета е ова затоа што екстра силни репрезентации ќе останат дома. Катастрофа е што само пет афрички нации одат на Мундијал, а ги има 54. Не гледам што се случува на другите контитенти но ФИФА го убива фудбалот во Африка. Ова ќе го изјавев и да поминевме понатаму“ – изјави Бомел.

 

ПретходноПоради повреда се пензионираше од фудбал, па доби милион фунти на лото (ВИДЕО)
СледноЛапорта додели нов отказ!