СКРОМЕН КАКО И СЕКОГАШ: Дибиров пред јубилејот со благодарност до сите соиграчи, фанови и тренери (ВИДЕО)

183

Тимур Дибиров вечерва (18:45 часот) на дуелот против Пик Сегед во рамките на 7. коло во Лигата на шампиони може да стигне до јубилејниот 1.000 погодок во ова натпреварување. Рускиот ракометар го делат три гола, а пред оваа средба за официјалната страница на Вардар 1961, им се заблагодари сите соиграчи со кои играл, тренери и секако фанови.

„Сигурни ми значи таа бројка, до која е тешко да се дојде. Го памтам првиот гол, беше во 2003 година против Горење, кој имаше силен тим. Сега сум блиску до 1.000 голови, сакам да им се заблагодарам на сите соиграли, тренери и навивачи да дојдам до оваа бројка“, изјави Дибиров.

Дибиров овој јубилеј може и сака да го прослави со голема победа од тешкото гостување кај Пик Сегед.

ПретходноСледната недела ќе биде откриена статуата на Марадона на стадионот во Неапол
СледноРистовски за хрватските медиуми: Македонија може и до Светско!