Следната недела ќе биде откриена статуата на Марадона на стадионот во Неапол

102

На стадионот во Неапол наскоро ќе биде поставена статуа со реални димензии на легендата на Наполи и аргентинската репрезентација, Диего Армандо Марадона. Како што објавија италијанските медиуми, статуата ќе биде откриена на 28 ноември.

Истата е создадена со помош на техники за 3D печатење и е донирана од пријателот на Марадона, Стефано Чеки.

„Му ветив на денот кога беше прогласен за почесен граѓанин на Неапол дека ќе добие статуа во градот или на стадионот“, изјавил Чеки.

Тој потврди дека статуата ќе биде поставена пред навивачите пред натпреварот од Серија А против Лацио кој е закажан на 28 ноември.

Стадионот „Сан Паоло“ беше преименуван во „Стадио Диего Армандо Марадона“ само неколку дена по неговата смрт на 25 ноември 2020 година.

ПретходноЗа Погба заврши фудбалската 2021, па заминал за Дубаи
СледноСКРОМЕН КАКО И СЕКОГАШ: Дибиров пред јубилејот со благодарност до сите соиграчи, фанови и тренери (ВИДЕО)