Холандското правобранителство поднесе обвинение против репрезентативецот на оваа земја, Квинси Промес. За овој фудбалер постои сомнение дека пред година дена на семејна забава со нож го избодел својот родинина.
Фудбалерот на Спартак Москва и холандскиот репрезентативец се соочува со казна затвор до три години доколку се докаже дека е виновен. Тој ова обвинение го отфрли.
Промес го нападнал својот братучед под дејство на алкохол бидејќи наводно украл пари и накит од трет член од нивното семејство. Еден роднина го пријавил само неколку месеци подоцна, поради што Промес поминал неколку дена во притвор.
По излегувањето од затвор рече дека ќе докаже оти е невин на суд, но се уште не се знае кога ќе биде закажано првото рочиште. Промес беше во холандскиот состав на ЕП, а играше во 2. коло против Австрија и во осминафиналето против Чешка.