Јанис доминираше против Лејкерс, Далас не може без Дончиќ (ВИДЕО)

119

Актуелниот НБА шампион Милвоки Бакс на домашен терен го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 109-102 во дербито на вечерта во најсилната светска кошаркарска конкуренција. Пред своја публика кај Милвоки блескаше Јанис Андетокумпо, кој постигна извонредни 47 поени. Тој додаде девет скока и три асистенции во меч во кој одлично одигра и Крис Мидлтон со 16 поени, во својот прв меч по прележаниот Ковид-19.

ЛА Лејкерс го одиграа осмиот натпревар по ред без Леброн Џејмс и веќе дојдоа до бројката од осум порази во 16 сезонски настапи. Кај гостите и на овој меч Хортон-Такер беше најефикасен со 25 поени.

Далас синоќа не можеа да сметаат на својот најдобар играч во тимот, Лука Дончиќ и беа прилично лесно совладани на гости кај Феникс. Словенечкиот кошаркар е полесно повреден, но мора да мирува неколку дена пред да се врати на терените. Феникс ја искористи шансата и дојде до единаесеттата победа сезонава,с лавејќи со 105:98. Кај домашниот тим најрасположен беше Девин Букер кој постигна 24 поени, додека кај Мавс, Хардавеј постигна 22, додека Порзингис имаше 21 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Вашингтон 97:87

Детроит – Индијана 97:89

Атланта – Бостон 110:99

Бруклин – Кливленд 109:99

Мајами Хит – Њу Орлеанс 113:98

Милвоки – ЛА Лејкерс 109:102

Њујорк – Орландо 98:104

Минесота – Сакраменто 107:97

Оклахома – Хјустон 101:89

Феникс – Далас 105:98

Портланд – Чикаго 112:107

ПретходноПлатите во Манчестер Ј. скокнаа на 350 милиони фунти годишно, а резултати нема!
СледноСантош уверен: Португалија ќе оди на СП, ако тоа не се случи, ќе си одам јас