Откако Македонија влезе во баражот за пласмана на СП во Катар 2022 година, секојднено излегуваат информации за се и сешто во врска со сите 12 селекции кои ќе играат во баражот за тие три слободни места кои ќе носат на Мундијалот. Меѓу нив секако дека е и Македонија.
Па така според Трансфермаркт, Португалија како селекција, односно нејзините репрезентативци вредат неверојатни 775 милиони евра, додека на Македонија вредат “само“ 49 милиони евра.
Сепак и Македонија и си има свои шанси, не е таков аутсајдер како некои што си мислат.
Ова значи дека Португалците имаат 16 пати повредна, според Трансфермаркт, репрезентација од нашата.
На второ место се Италијанците со 663 милиони евра, па Полска со 293 милиони евра.
Во продолжение можете да ја видете табелата на сите репрезентации учеснички во баражот и нивната вредност…