Вујовиќ: Добри судии за домашниот тим, ние направивме глупави грешки

398

Вардар 1961 со пораз се враќа од гостувањето кај Пик Сегед, во рамките на 7. коло во Лигата на шампиони беше совладан со 34-31.

Македонскиотт им ќе има шанса да го поправи впечатокот за една недела, Пик Сегед е гостин во Скопје на 25. ноември.

Тренерот Веселин Вујовиќ даде коментар и за судиите, сигурно има замерки и за нив.

„Честитки до мојот колега Пастор, секако и за добрата атмосфера. Добри судии за домашниот тим. Одигравме добар меч, но направивме глупави грешки во второто полувреме. Токму она што се случи во вториот дел го реши мечот. Со Пик Сегед играме уште еден меч, за седум дена ќе се обидеме да се подготвијме подобро, да го направиме дуелот поинтересен. На Пик Сегед му посакувам се најдобро“, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата по мечот.

Вардар 1961 остана на шестото место на табелата во групата А со скор од две победи, реми и четири порази.

ПретходноДали Ристовски ја посакува Португалија во баражот: Бруно Фернандеш, те чекам пријателе!
СледноЕдна глупава грешка на селекторот може да ја чини Полска дури и пласман на Мундијалот!