Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс има повреда на потколеницата и ќе биде надвор од терените на неодредено време, соопштија од клубот. Феликс се повреди на тренинг во средата на големо разочарување на сите во таборот на Атлетико. Лекарите во Универзитетската болница во Навара му дијагностицирале повреда на мускулот.