Месец дена без победа во ЛШ: Може ли Вардар да се издигне во Сегедин?

152

Македонскиот првак е во серија од три порази во низа во Лигата на шампионите. Вардар 1961 последната победа во ова натпреварување ја оствари пред повеќе од месец против Алборг на домашен терен. По оваа средба запиаш два порази пред своите фанови од Монпеље и Кил, и еден на гостински терен кај Алборг.

Веселин Вујовиќ и неговите избраници имаа доволно време да се подготват за продолжението на Лигата на шампиони, поточно за новиот тежок дуел против Пик Сегед, кој се игра денеска (18:45 часот) на теренот на унгарскиот тим.

Противникот има една победа повеќе и пораз помалку, со две ремија се наоѓа на четвртото место на табелата. Пик Сегед зад себе го има ремито со Веспрем во домашниот шампионат, што пак доволно говори за формата во која се наоѓа.

Вардар пак и натаму го држи шестото место во групата А, на гостински терен кај Пик Сегед има две победи, во 2017 година и во 2016 година. Минатата година ги изгуби и двата дуели.

Сите сме здрави што е многу важно. Играме против ПИК Сегед која е една од најдобрите екипи во Европа. И некако се чувствуваме како да играме некој бараж. Играме во Сегедин, па по 7 дена, повторно во Скопје. Вардар е подготвен и мора да покаже сила. Јас реков дека мора да ја прекинеме оваа серија порази. Нашата најголема шанса е во Сегедин. Мора да излеземе храбро, ние по традиција играме најдобро на нивен терен и се надевам дека и овој пат ќе биде така“, вели предводникот на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ.

„Црвено-црните“ треба да бидат комплетни за оваа средба, во Сегедин заминаа со една цел – да покажат дека има што да понудат сезонава и дека знаат да се издигнат кога е најтешко. Секако одбраната ќе биде клучна, доколку најсилното оружје биде прецизно центрирано, во тој случај Вујовиќ и неговите момци можат да се надеваат на големи бодови од ова гостување.

Вардар 1961 и Пик Сегед ќе се сретнат во две средби едно по друго, вториот дуел се играт следната недела во СЦ „Јане Сандански“.

ПретходноАвстралија Опен ќе се игра пред полни трибини, но само со учество на вакцинирани тенисери
СледноСудии за ПМФЛ: Качевски на “центарот“ на Автокоманда