Одбојкарките на Наковски Волеј во четири сета ја остварија седмата сезонска победа во домашното првенство. Вечерва во Тетово, струмичанки беа подобри од Универзитет во Тетово со 3:1 (25:21, 23:25, 25:14, 25:22). Тетовки добро парираа во првите сва сета кога и имаа реални шанси за уште подобар резултат. Сепак во третиот сет, Наковски Волеј покажа голема доминација која ја најави победата. Со овие три бода струмичанки се вратија на врвот на табелата, очекувајќи ги преостанатите дуели од 8. коло.