Фијаско на Порто во Париз, Барса после шест години падна дома!

244

Катастрофалното прво полувреме на Порто против ПСЖ на гости е причината за поразот од во рамките на седмото коло во Лигата на шампиони. Во првите 30. минути португалскиот тим за кого настапува македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски постигна четири гола, наспроти 18. на „светците“.

Порто ја подобри играта во вториот дел, но тоа не беше доволно да се надокнади големата негатива. Ракометарите на ПСЖ влегоа во ритам, до крајот лесно и без проблем дојдоа до бодовите и до победа од 33-19. Митревски мечот го заврши со пет одбрани, сите ги запиша во првото полувреме.

Сипжак со осум гола беше прв стрелец, зад него беше Ремили со шест.

Келце му го нанесе вториот пораз на актуелниот европски првак. Полскиот тим на гостувањето кај Барселона славеше со 30-32 во дербито на колото и се зацврсти на првото место на табелата во групата Б.

Каталонскиот гигант после шест години загуби на домашен терен. И повторно причината е Келце. Ова беше јубилеен 500. натпревар за Барселона во ЛШ.

Ракометарите на Келце одиграа одличен натпревар, во последните десет минути од првото полувреме ја превземаа контролата, на одморот заминаа со позитива од 16-19. Во продолжение, Барса се обидуваше да го наруши ритамот, но единствено што направи, дојде само на еден гол разлика.

Волф беше играч на натпреварот со 14 интервенции, Морито имаше седум гола од седум обида, кај Барселона Мем и Нгесан имаа по седум погодоци.

Келце има 12 бода, додека Барса девет, на третото место е Веспрем со осум бода, Порто на Митревски се наоѓа на седмата позиција.

ПретходноПрвиот потег на Џерард во Астон Вила: Кечапот да се исфрли од менито!
СледноЖоао Феликс паузира шест недели