Аугзбург го совлада големиот Баерн во баварското дерби (видео)

141

FOTO> Twitter/FCBayern

Екипата на Аугзбург направи сензација на отворањето на 12. коло во Бундес лигата. Вечерва на „ВВК“ арена Аугзбург го победи локалниот баварски ривал Баерн со 2:1 и му го нанесе вториот пораз сезонава.

Ова воедно е прва победа на Аугзбург над Баерн во Бундес лигата по мај 2015 година.

Вечерва Аугзбург поведе со 2:0 со головите на Педерсен и Хан во 25. односно 36. минута, додека Левандовски погоди за Баерн во 38. минута. Изненадувачки, резултатот не се промени до крајот и со тоа Аугзбург стигна до третата победа сезонава која ги извади од опасната зона, барем до комплетирање на ова 12.коло.

Баерн е прв на табелата со 28 бода, а втора е Борусија со 24, трет Фрајбург со 22.

ПретходноУругвајците го отпуштија селекторот после 15 години
СледноГвардиола: Оваа сезона битката за титулата е многу потешка