Иван Пешиќ не остана долго време слободен агент. Хрватскиот голман по разделбата со Мешков Брест кој пред време му се заблагодари за соработката од пред неколку дена брзо си најде нова средина.
Штутгарт за кого настапува македонскиот репрезентативен пикер, Жарко Пешевски ќе биде новиот тим на Пешиќ, откриваат хрватските медиуми.
Причината поради која искусниот голман веднаш си подаде рака со бундес-лигашот е Европското првенство кое во јануари ќе се одржи во Унгарија и Чешка, па токму затоа сака да остане во добра форма.
Пешиќ по завршување на сезоната ќе застане на голот на Нант.