Нант и Лазаров без „сопирачка“ во Франција

110

Нант и Кирил Лазаров не застануваат, во домашното фрнацуско првенство дојдоа до петата победа во низа. Овој пат на гостински терен кај Шартр, славеа со убедливи 27-33 во меч од 11. коло. Со скор од седум победи, едно реми и два порази, Нант останува на второто место на табелата во тамошниот шампионат.

Лазаров мечот го заврши со два гола од пет обиди, еден постигна од седум метри. И на оваа средба прво име во редовите на Нант беше Ривера, постигна 12 гола од 15 обиди. На голот беше добар и Нилсен со девет одбрани.

По оваа средба, Лазаров и Нант ќе се подготвуваат за гостувањето кај Чеховски Медведи во дуел од Европската лига.

ПретходноУЕФА го казни „тепачот“ од Бетис
СледноУругвајците го отпуштија селекторот после 15 години