Јунајтед го отпиша најскапото засилување, Реал го чека!

402

Англиските медиуми веќе некое време пишуваат дека Пол Погба ги игра последните натпревари за Манчестер Јунајтед. Тврдат дека клубот нема намера да му го продолжи договорот, па во следниот преоден рок ќе се обиде да го продаде играчот кој во 2016 година го донесе за 105 милиони фунти.

Веќе не е тајна дека Реал Мадрид е еден од заинтересираните. Шпанскиот гигант и натму го сака во своите редовите играчот, кој беше на листата на желби на сега екс-тренерот, Зинедин Зидан. Според Мундо Депортиво, „кралскиот“ тим ќе се обиде да го донесе уште во зимскиот преоден рок.

Погба во Јунајтед игра за 12 милиони евра, според многумина не ги оправдува очекувањата.

Но, се чини дека Реал нема да биде единствениот тим кој ќе „загриза“ за него, интерес покажуваат и ПСЖ и Јувентус за кого играше од 2012 до 2016 година.

ПретходноТајсон пред секоја битка морал да има се*с, открива неговиот возач
СледноЕСПН: Замислете го Роналдо во Скопје, против Македонија се бори за Светско првенство!